Галерија

WSET - НАГРАДА ЗА ВИНА И ЈАКИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ - НИВО 2

За курсот

Овој курс е наменет за ентузијастите и професионалците за вино што или немаат познавања или имаат основни познавања за вината и сортите грозје и сакаат да се стекнат со основен но добро структуриран вовед во светот на вината и алкохолните пијалаци. Преку овој активен и информативен курс, слушателите ќе ги истражат најважните сорти вино и значајните вински региони и ознаки што ги дефинираат главните стилови на вино.

Ќе научите за производството на вино и главните термини за етикетирање со цел лесно препознавање на вината и алкохолните пијалаци, како и за обезбедувањето основни совети за соодветната селекција и послужување на овие производи. По завршувањето на курсот, на лесен но структуриран начин ќе може и да го опишете виното, и тоа преку видот, мирисот и вкусот, благодарејќи на систематскиот пристап, а овие принципи ќе може и да ги применувате во секојдневниот живот и во работата. Во рамките на курсот има и основно запознавање со главните стилови на алкохолни пијалаци.

Не се потребни претходни познавања. Курсот се одвива на англиски јазик, така што се препорачува добро познавање на англискиот јазик. За слушателите што никогаш претходно не изучувале вино и алкохолни пијалаци, полезно би било најпрвин да го завршат Level 1 Award за вина, иако не е задолжително.

* Забелешка: Ќе се очекува да го прочитате учебникот пред да ги посетувате часовите. Наставниот материјал ќе им биде доставен на слушателите преку курир откако ќе се регистрираат за курсот. Ова е курс што се одвива во училница, па затоа потребно е и присуство на часовите и самостојно учење. Од слушателите се очекува да посветат минимум 12 часа на учење надвор од училницата.

Откако ќе го положат завршниот испит, слушателите ќе добијат WSET сертификат и значка.

Програма на курсот

1. Фактори што влијаат врз стиловите на вино:

  • Еколошки фактори;
  • Лозарство: како се одгледува грозјето;
  • Винификација: како се прави виното;
  • Стареење.

2. Сорти грозје:

  • Главните бели и црни сорти грозје и нивните карактеристики и
  • Значајните вински региони во светот каде што се одгледуваат тие сорти.

3. Вински региони:

  • Стилови на произведените вина и термини за етикетирање.

4. Производство на слатки, пенливи и зајакнати вина.

5. Спарување храна и вино:

  • Препознавање на главните принципи на спарувањето храна и вино и
  • Спарување на стиловите на вино со храната во зависност од главните интеракции и личните преференции.

6. Како да го чувате и да го служите виното:

  • Утврдување и опис на основните принципи за правилно служење и чување.

7. Одговорно пиење:

  • Опис на правните, општествените, здравствените и безбедносните аспекти поврзани со консумирањето вино.

8. Ќе научите како да го опишувате виното преку систематскиот пристап за дегустација на вино на WSET Level 2 (Systematic Approach to Tasting Wine® (SAT)):

  • Ќе научите како да го опишувате виното со помош на туторирана дегустација на 47 примероци.

9. Алкохолни пијалаци и ликери:

  • Основни категории;
  • Производство на главните стилови;
  • Термини за етикетирање.

За испитот

За да се стекнат со сертификат WSET Level 2 Award за вина и алкохолни пијалаци, слушателите мора да полагаат завршен испит што се состои од 50 прашања со повеќекратен избор, кои мора да ги одговорат за еден час. За да положат, слушателите мора точно да одговорат 55% од прашањата.

Опис на курсот

Описот ги содржи сите потребни информации за WSET Level 2 Award за вина и алкохолни пијалаци, програмата на курсот и неколку сугестии за тоа на кој начин да го испланирате процесот на учење и да се подготвите за завршниот испит, како и условите на испитот. Ве молиме, преземете го и внимателно прочитајте го документот.

Цена на курсот

Цената ги опфаќа наставните материјали, примероците вино, школарината, надоместокот за испитот и поштенските трошоци за испораката на пакетот материјали (само за Македонија).

За предавачот

Предавач на курсот ќе биде д-р Срѓан Лисац  DipWSET; Weinakademiker; GM of Center for Food Culture – Zagreb and WSET Certified Educator

WSET Level 2 -Обука за вина и алкохолни пијалациЦена:36.000 ден.

Вклучено ДДВ

Аплицирај

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ

АКАДЕМСКА ГОДИНА 2019/20

WSET L1

Курс за вина
Локација: М6 Едукативен центар
Еднодневна обука
Датум: 16.10.2019
Време: 09:00 – 17:00
Рок за регистрација:
05.10.2019

WSET L2

Курс за вина и алкохолни пијалаци
Локација: M6 Training Center
Три последователни дена
17.10.2019 – 19.10.2019
Четврток и Петок: 14:00 – 21:30
Сабота: 09:00 – 17:00
Рок за регистрација:
05.10.2019


  • 0
  • 11/12/2018