Вински едукатор

Вински едукатор е едукативното тело на винарската визба „Тиквеш“, овластено да обезбедува програми за WSET во рамките на Република Македонија.

Основано е со цел да нуди широк спектар на обуки за вино и алкохолни пијалаци, поврзани со различни меѓународни програми, како и со нашата уникатна професионална програма. Целта на сето ова е да се зајакнат винската култура, професионалните вештини, одговорното консумирање итн. како суштински дел од промовирањето на локалните вина и винскиот регион во целина.

Нашата цел

„Вински едукатор“ се заснова врз суштински вредности и мотиви со цел да обезбеди едукација за вино и алкохолни пијалаци според највисоките светски стандарди, што е клучно за постојан раст на индустријата.

Што правиме

Продавањето или сервирањето вино без соодветно обучен персонал може навистина да обесхрабри, особено вашите клиенти. „Винска едукација“ може да организира кратки, практични сесии или подолги курсеви приспособени на вашите барања за да му помогне на вашиот персонал при советувањето и при професионалното комуницирање со клиентите.

Ние го водиме курсот WSET Level 1 за вина, Level 2 за вина и алкохолни пијалаци, чија цел се потрошувачите на вино и винските професионалци што се заинтересирани да го прошират своето знаење за вино и да стекнат меѓународни светски признаени сертификати.


Школа за вина и алкохолни пијалаци
(Wines & Spirits Education Trust ‒ WSET)

WSET обезбедува врвно образование и квалификации со цел да ги инспирира и да ги зајакне професионалците и ентузијастите за вино и алкохолни пијалаци ширум светот. Нудиме сеопфатен пакет квалификации во областа на вината, алкохолните пијалаци и сакето.

Квалификациите на WSET се глобално признаени како меѓународен стандард за познавање на вината и алкохолните пијалаци. Тие се наменети за оние што тукушто ја започнале својата кариера, како и за веќе признаени професионалци, но и за многу други ентузијасти што имаат страст за вина и алкохолни пијалаци.

ШТО Е WSET?

Wine & Spirit Education Trust (WSET и WSET награди) е добротворна организација што доделува квалификации, посветена на развојот и обезбедувањето курсеви за вина и алкохолни пијалаци. Откако е основана во 1969 година за трговијата со вино на Обединетото Кралство, WSET прерасна во лидер во индустријата на глобално ниво.
Како независна, непрофитна организација, нашите едукативни програми нудат непристрасно и темелно учење врз кое поединците и компаниите можат да го градат своето знаење и експертиза.