Галерија

WSET - НАГРАДА ЗА ВИНА - НИВО 1

За курсот

Овој курс е наменет за почетници ентузијасти за вино и за професионалци што ја започнуваат својата нова кариера во винската индустрија или во угостителството. Ќе научите да го опишувате виното на лесен но структуриран начин преку видот, мирисот и вкусот, благодарејќи на систематскиот пристап, и ќе можете да ги идентификувате главните стилови на вино. До крајот на курсот, исто така, ќе ги сфатите клучните принципи на спарувањето храна и вино, служењето и чувањето на виното и ќе можете да ги применувате овие принципи во секојдневниот живот и во работата.

Не се потребни претходни познавања. Курсот ќе се изведува на англиски јазик, така што полезно е добро ниво на англиски јазик. По полагањето на завршниот испит, слушателите ќе добијат WSET сертификат и значка.

Програма на курсот

1. Клучни фази на одгледувањето грозје и на винарството:

  • Наведување на основните делови на грозјето и што содржат тие;
  • Наведување на клучните фази во годишниот циклус на одгледување грозје и учење што се случува за време на зреењето;
  • Наведување и дефинирање на различните клими за одгледување грозје и објаснување како можат тие да влијаат врз карактеристиките на грозјето;
  • Наведување на условите и производите на алкохолна ферментација;
  • Именување и наведување според правилниот редослед на клучните фази на производството на непенливо бело, црвено и розе вино.

2. Видови, карактеристики и стилови на вина од главните сорти грозје и други примери на вина:

  • Дефинирање на видовите вино и карактеристиките што придонесуваат за нивните стилови;
  • Наведување на главните сорти грозје и идентификување на карактеристиките и стиловите на нивните вина;
  • Идентификување и поврзување примери на вина од главните сорти грозје со сортите грозје, видовите, карактеристиките и стиловите на вина;
  • Идентификување и поврзување други примери на вина со видовите, карактеристиките и стиловите на вина.

3. Како да чувате и да служите вино:

  • Идентификување и опис на основните принципи за правилно служење и складирање вино и
  • Идентификување на главните интеракции на храната и виното и препознавање на ефектот што обично го имаат врз виното.

4. Систематски пристап за дегустација (WSET Level 1 Systematic Approach to Tasting Wine® (SAT))

  • Ќе научите како да го опишувате виното преку туторирана дегустација со осум примероци.

* Забелешка: Не сте обврзани да го прочитате материјалот пред посетувањето на часовите. Материјалот ќе го добиете на првиот ден од курсот. За да го полагате завршниот испит, потребни се шест часа учење во вид на туторирана настава во училница.

За испитот

За да се стекнат со сертификат WSET Level 1 Award за вина, слушателите мора да полагаат завршен испит што се состои од 30 прашања со повеќекратен избор, кои треба да ги одговорат за 45 минути. За да го положат, слушателите мора точно да одговорат 70% од прашањата. Испитот се одржува за време на последната сесија на курсот.

Опис на курсот

Описот ги содржи сите потребни информации за WSET Level 1 Award за вина, програмата на курсот и неколку сугестии за тоа на кој начин да го испланирате учењето и да се подготвите за завршниот испит, како и условите на испитот. Ве молиме, преземете го и внимателно прочитајте го документот.

Цена на курсот

Цената ги опфаќа наставните материјали, примероците вино, школарината, надоместокот за испитот и поштенските трошоци за испораката на пакетот материјали (само за Македонија).

За предавачот

Предавач на курсот ќе биде д-р Срѓан Лисац DipWSET; Weinakademiker, GM of  Center for Food Culture – Zagreb and WSET Certified Educator

WSET Level 1 - Курс за винаЦена:17.700 ден.

Вклучено ДДВ

Аплицирај

Документи за превземање

АКАДЕМСКА ГОДИНА 2018/19

WSET L1

Курс за вина
Локација: М6 Едукативен центар
Еднодневна обука
Датум: 09.05.2019
Време: 09:00 – 17:00
Рок за регистрација:
20.04.2019

WSET L2

Курс за вина и алкохолни пијалаци
Локација: M6 Training Center
Три последователни дена
10.05.2019 – 12.05.2019
Петок: 15:00 – 21:00
Сабота н  Недела: 09:00 – 17:00
Рок за регистрација:
20.04.2019


  • 0
  • 12/12/2018